Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, призна дека неговиот тим не е подготвен да игра и во Премиер-лигата и во Лигата на шампионите следната сезона, но сепак ќе направи сè што е можно за да ја освои Лигата на Европа и со тоа да се квалификува во најпрестижното клупско натпреварување.
Вчера „црвените ѓаволи“ го забележаа 16-тиот пораз во првенството, што е нивно најлошо достигнување во последните 35 години, но веќе се со едната нога во финалето на Лигата на Европа откако го победија Атлетик Билбао со 3:0 на „Сан Мамес“.
„Не сме подготвени да играме и да бидеме конкурентни во Премиер-лигата и во Лигата на шампионите во исто време. Го знаеме тоа, но мора да се бориме за да го освоиме овој турнир (Лига Европа) за да им дадеме нешто на навивачите и да одиме во Лигата на шампионите. Потоа ќе имаме време да го подготвиме тимот за да се справи во овие две натпреварувања. Значи, да, тоа е дилема, но ние сакаме да победиме, секако“, рече Аморим.