Тимот на Милан летово реши да го доведе Рубен Аморим за прв тренер, а тој пак, како и секој реномиран стратег, прво што направи е листа на играчи на кои што не смета повеќе.
Тоа во Милан значи дека неколкус ериозни ликови во соблекувалната ќе мора да си најдат нова дестинација, а медиумите веќе шпекулираат и со имиња.
Прв на листата е Фикајо Томори, англичанецот кој досега имаше сериозна улога во тимот. Како втор Кристофер Нкунку, уште еден сериозно платен играч кој на Аморим не му е потребен. Первис Еступинан исто така го завршува својот мандат во Милано, како и мексиканецот Сантијаго Гименез.
Јусуф Фофана исто така добива зелено светло да си замине, а листата ја пополнуваат два млади играчи во имињата на Давид Одогу, и Филип Тарачиано.

