Алонсо, Трент и делегација на Реал Мадрид му оддадоа почит на Жота (ФОТО+ВИДЕО)

3.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алонсо, Трент и делегација на Реал Мадрид му оддадоа почит на Жота (ФОТО+ВИДЕО)
фото: Liverpool FC (X)

Во пресрет на утрешниот дерби натпревар помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид во рамките на Лигата на Шампионите, неколку членови од екипата на шпанскиот тим одлучија да оддадат почит на предвремено починатиот Диого Жота. Пред одржувањето на прес конференцијата на „Енфилд“, Чаби Алонсо, Емилио Бутрагењо, Дин Хаусен и Трент Александер-Арнолд положија свежо цвеќе и испратија пораки во знак на сеќавање на Диого Жота.

„Диого, пријателе мој. Премногу ни недостигаш, но знај дека сеуште многу те сакаме. Твоето сеќавање и сеќавањето на Андре ќе остане засекогаш. Се смеам секогаш кога ќе помислам на тебе и секогаш ќе се сеќавам на сите убави моменти кои ги поминавме заедно. Засекогаш ќе ми недостасуваш.“ пишуваше во писмото кое го остави Арнолд. Тој исто така остави потпишан џојстик, во знак на почит кон легендарната прослава која Диого често знаеше да ја практикува кога ќе постигне погодок. На џојстикот пишуваше: „Засекогаш шампион, ќе ми недостигаш“.

Исто така и тренерот на Реал и бивш фудбалер на Ливерпул, Чаби Алонсо остави буќет со цвеќиња и порака на која пишуваше: „Реал Мадрид изразува длабоко сочуство до ФК Ливерпул и семејството на Диого Жота. Фудбалскиот свет жали за загубата на еден исклучителен фудбалер и неверојатна личност“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата