Алисон ќе биде подготвен за викенд дуелот со Нотингем Форест

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алисон ќе биде подготвен за викенд дуелот со Нотингем Форест

Голманот на Ливерпул, бразилецот Алисон тренира со полн капацитет и ќе биде подготвен да се стави на располагање за мечот кој што е закажан за следниот викенд.

Ливерпул се среќава со Нотингем Форест, а информациите велат дека бразилецот е целосно опоравен од повредата.
Тој е во аут од 20 септември и дуелот од Лигата на Шампионите против Галатасарај, а во меѓувреме на голот застана Гиорги Мамардашвили.

Ливерпул е во резултатска и играчка криза и можеби враќањето на Алисон ќе стави крај на истата.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата