Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе има нов селектор. Досегашниот, Александар Димитров си поднесе оставка поради слабите резултати на селекцијата во тековнава Лига на Нации. Завршниот удар е зададен со поразот од Луксембург од 1:2, односно во ремито против Естонија, 0:0.
„Многу хаотична игра од наша страна. Нашиот план не беше спроведен. Во фазата на напад, не успеавме да го наметнеме притисокот во играта. Тоа значи дека ја изгубивме самодовербата на играчите. Со ваква игра и ваков настап го завршуваме циклусот. Ѝ благодариме на Фудбалската федерација за укажаната шанса“, изјави Димитров на прес-конференцијата по натпреварот против Естонците.
Димитров беше на чело на Бугарија десет меча, а во истите забележа пет порази, две нерешени, и три победи.

