Ал Наср и Роналдо елиминирани од Купот на Саудиска Арабија (видео)

25.04.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ал Наср и Роналдо елиминирани од Купот на Саудиска Арабија (видео)

Ал Наср може да остане без ниту еден трофеј сезонава, затоа што покрај тоа што има дефицит во првенството, вечерва испадна во полуфиналето на Купот на Саудиска Арабија. Ал Наср доживеа пораз од Ал Вехда со 0:1 и со тоа испадна од трката по трофејот.
Кристијано Роналдо како капитен го предводеше Ал Наср но ниту тој, ниту соиграчите не успеаја да го најдат патот до мрежата. Интересно Ал Вехда поведе со убав гол на Бежуел во 23 минута, а од 53 минута играа со фудбалер помалку и се одбранија.

Роналдо на почетокот на мечот се најде во одлична шанса, но голманот одбрани, а во финишот на мечот Португалецот ја погоди стативата.

Ал Вехда го финалето ќе игра со Ал Хилал.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата