Така функционира Германија, и земјите како неа. Тоа што си професионален фудбалер и голема звезда не ти дава право да се однесуваш како сакаш. Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, и неговата девојка, швајцарската раперка Лоредана Зефи, ќе треба да плата огромна казна од речиси половина милион евра, за нелегално поседување на оружје.
Поточно, пред околу една година, полицијата кај оваа двојка пронајде боксерска ракавица и тејзер, нешто што не е дозволено, и е нелегално. По речиси една година правна битка, и судски процес, Адејеми и Зефи ја дознаа казната.
Според „Билд“, Адејеми и Зефи ќе мора да платат вкупна казна од импресивни 450.000 евра. Сумата ќе се плаќа на 60 дневни рати од по 7.500 евра.

