Го гледав шефот на Српската Радикална странка, Воислав Шешељ, деновиве на едно скандалозно гостување на ТВ Хепи. И Шешељ, како и Апасиев се претставува дека е доктор на науки. И тој, како и Апасиев нема ниту еден план, ниту едно решение во политиката: само навреди, плукања, лупања глупости и лепења етикети на противниците и вулгарност... како да го гледаш Апасиев кој збори на српски јазик.
Нашата Левица е, уствари, крајната српска десница. Нашиот Апсиев е нивниот Шешељ.
И Шешељ и Апасиев се во политиката за профит, а не за програми, проекти и власт. И двајцата знаат дека никогаш нема да имаат можност да владеат, да спроведуваат некаква политика бидејќи нема да имаат поддршка и гласачи, дека се тука за забава и нарачани уривања на противниците, а тоа им обезбедува гланцање на суетата преку настапи во медиуми и заработка од познати и непознати извори. За тој капацитет, доволно.
И двајцата ги “забораваат“ и бришат своите дела и недела во политиката од своето минато. Кога Апасиев нешто као глуми дека е опозиција на СДСМ он заборава дека е еден од двајцата лидери на Шарена им револуција и платен соработник на СЈО. А сега, божем, протестира поради украдена правна држава!
Апасиев до толку манипилира со својата улога во политиката што ги избришал сите постови на Твитер @apasiev, а стариот профил го затворил, од неговите славни денови кога со СДСМ, рамо до рамо, се борел за власт која е ваква каква што е. Ги нема неговите написи, изјави и постови за “мудриот Заев“, избришано е се до ноември 2022 година.
Но, има кој на време сочувал некои од неговите постови, како овој од 4 април 2017 година под стариот профил Димитар Апасиев, таму пишува:
“Согласно начелата на Природното право (?) она што сега треба да се стори е најстариот пратеник прописно, по можност со шамари, клоци или тупаници да го исфрли узурпаторот Трајко Вељановски од столицата и да продолжи да претседава со Конститутивната седница на Собранието на РМ, по сила на Устав. Ова за да заличиме на држава во која владее правото а не хохштаплерите“ напиша Апасиев, само три недели пред тепачката во Собрание за кои луѓе лежат по 15 години во затвор. Провокаторот Апасиев е слободен.
Е тоа е политиката која ја нуди Апасиев, а и Шешељ. Удри, клоцај, беси на плоштад, мрчи, крши и заканувај се. Ниту една потреба на граѓаните не се решава со нивната политика. Но, се создаваат нови тензии и судири. Проблеми. А ниеден народ не сака политика што создава нови тензии. Затоа и Шешељ и Левица се политички маргиналци.
СДСМ му се реваншираше со разно-разни тезги и хонорари, а со одлука на оваа, според него, корумпирана судска власт тој стана претседател на Левица. За шеф на Левица е избран со одлука на судот под тотална контрола на СДСМ. Должник им е.
И двајцата, Шешељ и Апасиев, глумат русофили. Левица и Апсиев одат и чекор понатаму па стануваат следбеници на диктатори како Ленин, Сталин, Енвер Хоџа и Мао ЦеДунг. Никој од нивните идоли не создал демократска држава, слобода на говор, високи плати за работниците, правна држава... напротив. Од ваквите како Шешељ и Апасиев денес Русија се оградува, им нанесуваат штета.
Им објаснил ли Апасиев на неговите следбеници дека Ленин комотно живеел во Швајцарија, со пари од Рокфелер, додека Русите крвареле во војната. Дека Ленин заедно со Зиновјев и Радек е пренесен со запечатен воз од Швајцарија во Русија, преку сите фронтови и војни ја минува безбедно Германија и Полска, Шведска до Петроград. На сила да преземе власт, и да воведе диктатура, одезамње земјиште од селаните, работници за бонови кои живеат на граница на глад, убиства и протерување на над 2 милиони луѓе уште во првите години владеење. Првиот договор кој го потпишала владата на Ленин е даденото право на Рокфелер да ги исцрпува нафтените полиња во Баку. Ќе го прифати ли Македонија Апсиев и неговите идоли?
Апасиев и Левица немаат политика. Ни по теорија, ни во пракса нивните естрадни провокации не се политика, ниту имаат политичка вредност, туку се вртење како дува ветрот и неписмено лупетање за она што мал дел од народ сака да го чуе. Не вршат работа, само мрчат напразно и се расфрлаат со пароли и закани секому.
Еве, гледам сега како Левица и Апсиев го поддржуваат Хамас. Не сум видел дека организирале протести за поддршка на палестинските цивили кои гинат во едно ретко видено етничко чистење. Само бамборат, на Фесјбук и Твитер да ги има. А немаат ни членство кое би излегло ако повикаат за поддршка за палестинските цивили.
Ај и за оваа манипулација на Апасиев и Левица, политички неписмената секта на бунтовници без покритие. На страна етничкото чистење на Палестинците кои, во суштина, страдаат поради корупција на изреалските власти и Хамас, и нивните неподмирени сметки, заработки и комбинации.
Во Израел, пред војнава, се води истрага за корупција на премиерот Нетанјаху и двајца негови министри и долги, масовни, протести против законски измени, како што кај нас се смени членот 353 од КЗ, со кој се обезбедува неказнетост за него и министрите. Нетанјаху веќе три години е пред пад, и под голем корупциски притисок. Пред затвор.
Изрелската влада има договор со Хамас преку чии фирми од Израел во Палестина се увезува вода, гориво и струја. Над 50% од прометот држат фирмите на Хамас. А Хамас е сила без контрола, не одговараат никому. Нетанјаху е пред затвор и – ете ти одеднаш војна која треба Нетанјаху да го прикаже како освојувач на Газа, во која досега загинаа над 14.000 Палестинци од кои 5.000 се деца. Газдите на Хамас се на сигурно.
Е тој Хамас го поддржува Апасиев. И таквите Ленин, Енвер Хоџа, Сталин, Мао ЦеДунг... и со слики на нивните пропаганди кои висат во нивниот “президиум“ на Левица. И сега тие бараат гласови за да биле власт во Македонија?!
Замислете го, барем на момент, провокаторот Апасиев како разгледува проекти за пензии, плати, како отвара нова болница или автопат.... Не бива, од секое дрво свирче не се праи.
Замислете да ги исполни своите изборни ветувања: да беси на плоштад, да апси без судење, да протерува странски амбасадори, да воведе комунизам... Да биде Хамас во Македонија. А ние Палестинци во Газа.
Тоа е тоа. Шешељ кој зборува македонски. Апасиев кој како активист на ВМРО ДПМНЕ успеал партиски да се вработи на новоотворениот Универзитет во Штип. Па после видел ќар во СДСМ, и парите од нивната им Шарена револуција и, оп, ете го во првите редови. Зборува за правна држава, а прима хонорар од СЈО, неуставен орган надвор од законот. Станува виртуелна опозиција која при овие смешни гревои како Заев и Ковачевски сака да откине гласови на СДСМ, и да ја провоцира ВМРО ДПМНЕ...
Да го цитирам Апсиев, за крај, една од неговиите плукачки објави за своите колеги од Правен факултет: “Лично познавам најмалку тројца професори од Правен кои завршија у БАРДОВЦИ (ама буквално)! Ана Чупеска изгледа ќе да е четвртата“ напиша Апасиев на Твитер, на трети септември со хаштаг “фрчкова школа“.
Која и да е таа Ана Чупеска, премногу е. А ако некој е “фрчкова школа“ по својот поган јазик и политичка импотентност, Апсиев е негова реинкарнација.
Вратата во Бардовци и натаму е отворена...
Д.П. Латас, 21.11.2023