Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

ЗАМРЗНУВААТ ЦЕНИТЕ НА ТОАЛЕТНАТА, ВЛОШКИТЕ, влошките, влажните марамчиња, пелените

29 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Ова ќе значи одредување највисока цена по која може да се продаваат продуктите, вели министерот за економија Крешник Бектеши кој посочи дека станува збор за: тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни, хигиенските влошки.

„Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените што биле во трговијата на мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“, додаде Бектеши.

„Од периодот од 1 март до 24 март 2023 година цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ, таа би се движела од 111,8 денари до 241,9 денар, а главно повеќе од сите овие производи од 85 % се увезени во нашата држава. Цената на влажните марамчиња во просек се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година, каде што имаме царинска ставка од 6 % и не е вклучено ДДВ. За пелените, цената се движи од 36 денари за парче до 1.600 денари за кутија со повеќе пакувања и тука не е вклучено ДДВ“, додаде Бектеши.

Тој рече дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за овие производи, но за тоа треба да одлучи Собранието.

„Зошто го напоменувам ДДВ, за жал, во собраниска процедура од декември имаме законско решение за овие производи да се решат долгорочно во делот на намалување на ДДВ од 18 на 5 % и ден-денес не е свикана Комисијата за финансирање и буџет сè со цел да се усвои тоа законско решение“, додаде министерот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ