ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО| Кривични пријави за учесниците во крвничкото тепање меѓу ученците во Сарај

13.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО|  Кривични пријави за учесниците во крвничкото тепање меѓу ученците во Сарај

Министерството за внатрешни работи реагираше брзо и поднесе кривична пријава за насилство по крвничката физичка пресметка пред основното училиште „Дитурија“ во скопски Сарај.

Како што беше известено претходно, во петокот околу 12 часот пред споменатото училиште „Дитурија“ шест ученици физички нападнале двајца соученици од 9-то одделение, а снимките коишто ги објавија други ученици од Сарај набрзо станаа вирални.

Кај едно од лицата од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди, додека кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди.

Како што денеска објави Министерството за внатрешни работи веднаш биле преземени мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Идентификувани се учениците кои го извршиле нападот, а тие се на возраст од 13 до 15 години. Во текот на денешниот ден сите шест лица се повикани во Полициска станица.

Со родителите на нападнатите малолетници бил извршен службен разговор, а исто така денеска е извршен разговор и со оштетените малолетници.

За настанот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство”.

The post ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО| Кривични пријави за учесниците во крвничкото тепање меѓу ученците во Сарај appeared first on NetPress.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата