Во саботата околу пладне во центарот на Кичево се случила сообраќајна несреќа во којашто со тешки повредени се здобило четиригодишно девојченце од кичевското село Арангел.
Според пријавата во МВР, несреќата се случила на улицата „Прилепска“ во Кичево, кога автомобилот „тојота“ кој го управувал 68-годишен кичевец удрил во детето.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
The post Во налет на возило тешко повредени четиригодишно девојченце appeared first on NetPress.

