Уапсени пијани и возачи што „летале“ со возилата

9.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсени пијани и возачи што „летале“ со возилата

Неколку случаи на возачи што возеле пребрзо или биле под дејство на алкохол регистрирала полицијата вчера. Тие се уапсени, а убедливо најмногу апсења имало во Куманово и Кумановско – вкупно четири.

На улицата „Јосиф Јосифовски“ во Ресен синоќа бил уапсен Н.Б. од ресенското село Јанковец. Кога го сопреле автомобилот „мерцедес“ со скопски таблички со кој тој управувал, била направена проверка со дрегер, која покажала дека Н.Б има 1,88 промили алкохол во крвта.

Вчера попладнето на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, бил уапсен кавадарчанецот М.М.(42). Тој управувал „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки со брзина од 96 километар на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.

Во кумановското село Доброшане вчера попладне бил уапсен В.Н.(44) од Куманово.

Тој возел уште побрзо од кавадарчанецот – радарската контрола покажала дека автомобилот „ситроен“ што го упраувал се движел со брзина од 104 километри на час на потег каде брзина е ограничена на 40 километри.

Утрото во Куманово на улица „11 Октомври“ бил уапсен А.Г.(19) од селото Романовце. Зад воланот на автомобил „фолксваген голф“ тој возел со брина од 91 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.

Рано ноќта на булевар „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле скопјанецот В.С. (23). Тој управувал со автомобил „мерцедес“ под дејство на алкохол. Проверките покажале 1,84 промили алкохол во крвта.

Ноќеска на истиот булевар бил уапсен А.С.(26) од Куманово. Тој управувал со „фолксваген голф“ под дејство на 1,81промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата