Уапсен маж во Неготинско – му нашле пиротехника и тутун и цигари без бандероли

30.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен маж во Неготинско – му нашле пиротехника и тутун и цигари без бандероли

Во неготинското село Војшанци вчеравечер бил уапсен М.В.(50), жител на селото.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 537 парчиња пиротехнички средства, тутун и цигари без бандероли.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата