Турскиот претседател Ердоган со писма со сочувство до Сиљановска Давкова и Мицкоски

18. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турскиот претседател Ердоган со писма со сочувство до Сиљановска Давкова и Мицкоски

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Тајип Ердоган упатил писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

Почитуван Премиер, ценет пријателу,

Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредоа при прожар кој се случи во градот Кочани, Северна Македонија.

Изразувам сочуство до Вашето Височество и сите граѓани на братска и пријателска Северна Македонија, на чело со блиските на загинатите, додека на ранетите им посакувам брзо заздравување.

Туркије, како и секогаш, спремна е на секаков вид поддршка со цел зараснување на раните, напиша Ердоган

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата