Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

ТУНЕЛОТ во Идризово го нема, дупката забетонирана, планот осуетен… И ТОЛКУ ЛИ?!

23 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ова се просториите каде осудениците во Идризово ја спроведувале нивната операција за бегство преку подземен тунел. Бетонот на подот е поставен од неодамна најверојатно откако осудениците дознале дека се под сомнеж.

Во овие простории затворениците доаѓале кога биле пуштани на шетање да си ги протегнат нозете. Затворската полиција ретко или никогаш не влегувала во овие објекти. Инаку, тие вчера беа срушени со цел тунелот да се открие и да се изјаловат плановите на затворениците.

Од фотографиите, кои ги објави Алсат ТВ, може да се види и кофата со која била извлекувана земјата, како и кабелот кој им служел да си го осветлат патот под земја.

Земјата најверојатно завршувала во контејнетите кои се наоѓале во близина на овој објект, кој порано служел како работилница и како остава за јаглен.

ЗА ТУНЕЛОТ СЕ ЗНАЕЛО УШТЕ ВО ФЕВРУАРИ? Тендерската постапка за рушење  траела половина месец

Пријавата за постоењето тунел во дворот на КПД „Идризово“ дошла на 17 февруари, дознава Апсат. На просторот каде што постоело сомневање дека се наоѓа почетната точка на тунелот, имало стари објекти кои требало да се урнат, па директорот на затворот Шпенд Таири распишал тендер за нивно уривање.

Претходно, Таири бил во контакт со Управата за извршување санкции, полицијата и разузнавачките служби за оперативно да ја потврдат локацијата на тунелот.

Тендерската постапка, како што објави телевизијата, траела од 1 до 16 март годинава. На 17 март била договорена фирмата што ќе ги изведува работите, а на 21 март тунелот веќе беше откриен.

Откривање на тунелот во затворот Идризово

17.02.2023 Пријава за можен тунел
01.03.2023-16.03.2023 Тендер за уривање на стари објекти
17.03.2023 Склучен договор со компанија
21.03.2023 Утврдено постоење на тунелот во затворскиот двор

Тунелот бил долг 47 метри, длабок 1 метар и дијаметар од 80 сантиметри, обложен со керамички тули. Покрај тунелот е пронајден електричен кабел. На почетокот на тунелот, пронајден е продолжен кабел.

Директорот на затворот Таири ги надгледувал работите до крајот на работното време до денот кога Владата одлучи да го разреши од функцијата.

Алтернатива, партијата на кој ѝ припаѓа Таири реагираше на ставот на премиерот Димитар Ковачавски и смета дека директорот на затворот бил всушност главниот херој на откривањето на тунелот.

Според полицијата, лицата кои се осомничени дека го копале преминот се осудени за тешки кривични дела од 10 години до доживотен затвор.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ