Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневниот билтен информира за немил настан кој се случил во текот на вчерашниот ден. Имено, Грк починал додека престојувал во Битола.
-Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18:30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил донесен Н.K.(62), државјанин на Грција, без знаци на живот.
Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција.
Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола, информира МВР.