За себе, за сопругата и за неговата мајка, М.С.(35) од Прилеп, како вработен во банка во Битола, „измолзел“ речиси 10.700 евра, соопшти СВР Битола, кој поднела кривична пријава против него за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според соопштеното, М.С. во неколку наврати вршел неовластено зголемување на лимитите на неговата кредитна картичка и специјален лимит, како и зголемување на лимитот на неговата сопруга. Со тоа, вели СВР Битола „извршил и незаконско зголемување на својот имот и имотот на неговите сопруга и мајка“, во вкупен износ од 657.400 денари( речиси 10.700 евра).
The post „Спечалил“ 10.700 евра – ги зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата appeared first on NetPress.

