Се судриле „голф“ и трактор – возачот на автомобилот тешко повредeн

17.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се судриле „голф“ и трактор – возачот на автомобилот тешко повредeн

На магистралниот пат Прилеп- Градско, во близина на Росоман, вчера доцна попладне се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(32) од с. Манастирец, општина Росоман и трактор „имт 539“ со приколка, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(47) од с. Росоман.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот, а трактористот задобил полеснни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

The post Се судриле „голф“ и трактор – возачот на автомобилот тешко повредeн appeared first on NetPress.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата