Самоил го нема од 4 март, според Спасовски ИМАЛО НАПРЕДОК ВО ИСТРАГАТА

1.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Самоил го нема од 4 март, според Спасовски ИМАЛО НАПРЕДОК ВО ИСТРАГАТА

Истрагата за Самоил Костадиновски е сè уште во тек и се преземаат низа криминалистички дејствија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата Утрински печат на Слободна ТВ не можеше да открие многу детали, но тоа што можеше да го каже е дека извршени се информативни разговори со десетина лица, прегледи на стотици места што се посочени од лицата, одземени се мобилни телефони, кои се предадени на вештачење, а обезбедени се и видеоматеријали од безбедносни камери, што може да дадат одредени насоки.

Ова е комплексен случај. Има напредок во истрагата, но не можеме да споделиме детали, бидејќи истрагите не се водат во медиуми, туку во институции, вели Спасовски.

Тоа што е досега познато, како што посочи министерот, е дека се упасени две лица во однос на овој предмет, поднесена е кривична пријава за грабнување. Од страна на судот определена е мерка притвор којашто се продолжува заради тоа што има основ, односно може да има опасност од бегство или да влијае врз сведоците.

По насоките што ги добиваме од ОЈО, МВР постапува скоро секојдневно, додаде Спасовски.

26-годишниот Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата