Сите медиуми во Србија – РТС, РТВ, ТВ Н1, Еуроњус Србија, ТВ
Нова, Политика, Танјуг, Данас, Блиц, Курир, порталите, социјалните мрежи, како
топ тема, од кои повеќето од час на час соопштуваат за грабнувањето и убиството
на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски,
како голема трагедија која ги потресе граѓаните во регионот, јави дописникот на
МИА од Белград.
Повикувајќи се на информациите од прес-конференцијата на
министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски, српските медиуми ги
пренесуват „шокантните“ детали за грабнувањето и убиството, апсењето на
обвинетите, мотивите и инволвираноста на петмината осомничени во оваа трагедија
што ја потресе Македонија.
-Главниот организатор и извршител кој на 27.11.2023 година
некаде околу 11.00 часот ја уби малолетничката со пиштол во страв од доказите
до кои МВР може да дојде, го извршил ова кривично дело. Ќе сторам се за да го
изведам овој монструм пред лицето на правдата штом стапне на наша почва, го
наведуваат медиумите министерот Спасовски.
Според медиумите, првоосомничениот за убиството на 14
годишната Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Панче Жежовски е Љупчо Палевски
Палчо које е во бегство заедно со неговиот адвокат, чиј идентитет обвинителот
Гаврил Бубевски не можеше да го открие поради истрагата.
-Државата ја напуштил со автомобил и се упатил во Белград.
Потоа оттаму отишол следниот ден во Бугарија, а сега полицијата е во траг на
Палевски, но Спасовски не сакаше да открие каде се наоѓа, соопштија српските
медиуми.
Како што пишува Блиц, Љупчо Палевски неодамна бил приведен
во Хрватска, а како што се дознава, пред неколку години бил приведен и во
Србија по хрватска потерница. Каконаведува пишува Блиц, тој бил приведен во
Белград во 2019 година, кога сакал да се качи на авион за Москва.
Палевски по хрватска потерница бил приведен и бил во
екстрадиционен притвор. Според неговиот адвокат Васко Стојков, апсењето е
извршено по хрватска потерница, поради долг на неговата фирма во Хрватска од
2.500 евра. Стојков тогаш рече дека тој никогаш не добил покана на адреса во
Македонија да се појави пред хрватските правосудни органи.
Медиумите ја наведуваат изјавата на обвинителот Бубевски
дека „осомничените кои се во притвор ќе одговараат за опасност од бегство и
влијание и најстрога можна мерка. За лицето кое не е во земјата ќе биде
распишана меѓународна потерница.