Разбојници од жени во Скопје украле чанта и паричници

18.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Разбојници од жени во Скопје украле чанта и паричници

Две разбојнички кражби, со примена на сила од страна на крадците, се случиле вчера и ноќеска во Скопје.

Како што соопшти СВР Скопје, ноќеска во 1 часот Е.М.(61) од Скопје пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со паричник со лични документи, пари и два мобилни телефона.

Исто така, вчера во 13:50 часот во СВР Скопје, О.Т.(64) од Скопје пријавила дека 20-тина минути претходнона подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на физичка сила и одзело паричник со пари и лични документи.

СВР Скопје вели дека се работи на решавање на случаите.

The post Разбојници од жени во Скопје украле чанта и паричници appeared first on NetPress.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата