Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

ПРВ ПАТ МАКЕДОНЕЦ ЌЕ ОЦЕНУВА ДРУГА ДРЖАВА: Николоски избран за известител за БиХ од Советот на Европа

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Александар Николоски е избран за известител за Босна и Херцеговина од страна на Мониторинг комитетот на парламентарното собрание на Советот на Европа.

Тоа значи дека во следниот период ќе го следам прогресот на Босна и Херцеговина во делот на исполнување на обврските кои што оваа држава ги има преземано кон Советот на Европа, пред се во делот на почитувањето на основните човекови права, владеењето на правото, борбата со криминалот и корупцијата, изборните реформи, како и воспоставувањето на функционална правна држава, рече тој.

Додаде дека ова освен чест претставува претставува признание за Македонија, затоа што македонски пратеник конечно е во позиција да пишува извештаи и да известува за она што се случува во други држави, а не само Македонија да е под мониторинг и други да известуваат за Македонија.

– Ова значи многу за Македонија, затоа што значи многу за имиџот на државата, значи дека Македонија може и има политичари кои што може да ја претставуваат надвор од државата, а јас ќе се потрудам со сиот мој капацитет и со сиот мој авторитет да направиме добри работи за регионот, од кој што дел секако е и Босна и Херцеговина, рече Николоски.

Се надевам дека државата ќе напредува и се надевам дека ќе видиме и во Сараево и во Бања Лука и секаде онаму каде што ќе одиме и во Мостар и во останатите градови напредок кон едно пофункционално владеење на правото, ќе видиме напредок кон една хармонизирана држава, ќе видиме напредок кон исполнување на обврските кои што ги има Босна и Херцеговина кон Советот на Европа, и секако почитување на Дејтонскиот мировен договор и сите останати одлуки кои што ги имаат донесено Советот на Европа, ЕУ и ОН за Босна и Херцеговина, вели тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ