Пронајден починат вработен во Пожарната во Илинден

26.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пронајден починат вработен во Пожарната во Илинден

Починат маж вработен во Пожарната во Општина Илинден бил пронајден вчера утрото.

– На 25.12.2025 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираа од полицијата.

Обдукцијата ќе ги покаже причините за смртта.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата