Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во општина Аеродром

25 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поради најавен ракометен натпревар утре, со почеток во 18 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на булевар „Србија“ со булевар „АСНОМ“ кон СЦ „Јане Сандански“ и од крстосница на булевар „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелески“ кон СЦ „Јане Сандански“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ