Ноќеска на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, Д.Б.(22) од Нов Дојран, управувaјќи мопед „хамачи“ изгубил контрола и излетал од патот. Притоа се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Полициската проверка потоа утврдила дека Д.Д. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
The post Пијан мотоциклист излетал од патот меѓу Стар и Нов Дојран appeared first on NetPress.

