Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Охридско езеро ЌЕ СТАНЕ СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА – ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ТОА

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) почна постапка за донесување нацрт-закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.

Донесувањето на законот, како што соопштија денеска од ресорното Министерство, произлегло од потребата Охридското Езеро повторно да се прогласи за заштитено подрачје во категоријата „Споменик на пририродата“ – категорија III, согласно Законот за заштита на природата на Република Северна Македонија, како и поради своите уникатни светски природни и културни вредности како и геоморфолошките и хидролошките карактеристики.

Според информацијата, јавноста навреме ќе биде известена за датумот на одржување на јавната расправа, а нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата наскоро ќе биде објавен на порталот на www.ener.gov.mk.

Со донесување на Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата ќе се овозможи зачувување на природната состојба на езерото преку заштита на природните, културните и други вредности како единствена природен феномен во светот, спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите, создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност, како и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ