Обвинение за криумчарење на 48.000 пара чорапи од Косово

20.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обвинение за криумчарење на 48.000 пара чорапи од Косово

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за кривично дело – Криумчарење од член 278 од Кривичниот законик.

На 16-ти јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација.

Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата