Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

“Ние ги следиме крушевските и асномски вредности, очекуваме поддршка за нив на изборите“

20 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во емисијата „10 минути” на телевизија 21 информираше дека во тек е формирањето на граѓанското движење и верува дека на следните избори ќе ја добие поддршката од граѓаните.

„Во тек е формирањето на граѓанското движење, очекуваме во септември, октомври тоа да се случи во Скопје и ќе ги повикаме сите граѓани. Тоа ќе биде граѓанска иницијатива/движење коешто досега не било вообичаено, ќе биде од граѓаните за граѓаните и верувам дека на следните избори ќе ја добиеме поддршката од граѓаните бидејќи ќе излеземе со реално остварливи политики и ќе ставиме крај на корупцијата и рашомонијата во државата”, рече Димитриевски.

Тој истакна дека во граѓанското движење ќе има многу поддржувачи и од СДСМ, и од ВМРО-ДПМНЕ, но најголем дел ќе бидат неопределени граѓани што не се занимавале со политика и имале резултат во своето работење.

Во однос на прашањето дали се чувствува како “огнените” од ДУИ во својата партија, тој посочи дека неговата ситуација воопшто не е ни приближно слична затоа што во ДУИ се борат за превласт, а неговите разлики се идеолошки спротивни со актуелното раководство на СДСМ.

„Јас се гледам како Максим, како градоначалник во моментот. Тоа што ќе се случува по изборите ќе биде резултат на изборниот резултат којшто чувствувам дека ќе биде позитивен. Воопшто не е важно кој ќе менаџира, многу е поважно кој ќе ги составува и креира политиките во делот на извршните тела на полит биро ќе седи и ќе управува”, додаде Димитриевски.

Димитриевски изјави дека граѓанската иницијатива се води по крушевските и асномските вредности и идеологија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ