Млада штипјанка нападнала полицаец

26.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Млада штипјанка нападнала полицаец

Ноќта кон неделата, околу 1,40 часот по полноќ на улицата „Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода 22-годишната штипјана И.М. затоа што физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата