Во вторникот (21.01.2025) вечерта во 19:50 часот на автопат Табановце – Куманово, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово во содејство со полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции и полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот забележале неколку лица мигранти како влегуваат во патничко возило „фолксваген туарег“.
На даден знак за запирање возилото не застанало, но по преземени мерки набргу било запрено, по што возачот го напуштил местото.
Притоа, во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Непал кои биле сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.