Два случаја на врсничко насилство врз малолетници се пријавени вчера во СВР Скопје.
Во првиот случај, вчера претпладне А.Џ.(37) од Скопје пријавила дека на 12 декември околу 12 часот пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца негови соученици.
Во вториот случај, вчера околу 15:30 часот И.Н.(40) од с. Мршевци пријавила дека околу 10:30 часот во основно училиште во селото Миладиновци, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои употребиле тврд предмет.
СВР Скопје вели дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
The post Малолетници нападнати од соученици appeared first on NetPress.

