Мал авион се урна во Мавровско езеро, едно лице е повредено

12.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мал авион се урна во Мавровско езеро, едно лице е повредено

Центарот за управување со кризи информираше за несреќа во Мавровско езеро.

-Инцидент се случи во Мавровско езеро. Мал авион се урна денес во езерото, а во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција, информираат од ЦУК.

The post Мал авион се урна во Мавровско езеро, едно лице е повредено appeared first on NetPress.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата