Кумановец уапсен на граница, пронајдени стари монети кај него

26.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кумановец уапсен на граница, пронајдени стари монети кај него

На Граничен премин Табановце, на влез во државата, вчера вечерта полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово.

-При гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди, информира МВР.

Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата