Измамен маж од Гостиварско – му се јавиле „од банката“

25.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Измамен маж од Гостиварско – му се јавиле „од банката“

Попладнето вчера во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното во СВР Тетово, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое се претставило како претставник на банката и кој му побарал документација и трансакциска сметка.

Како што е пријавено, по извесно време му било кажано дека сѐ е во ред и дека трансферот на кредитот ќе биде реализиран откако тој ќе уплати пари за некои провизии.
Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите, а не го добил кредитот, повторно го контактирал лицето кое се обидело повторно да го доведе во заблуда. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, вели СВР Тетово.

The post Измамен маж од Гостиварско – му се јавиле „од банката“ appeared first on NetPress.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата