Министерот за односи со заедниците, и потпретседател во македонската влада, Иван Стоилковиќ накусо ги сумираше своите впечатоци од првите сто дена поминати на министерската функција.
Тој беше назначен во ресорот за министерство кое кај старата власт беше “анонимно“. Без ниту еден проект, без ниту една дејност позната во јавноста, место за едноетнички вработувања и “вработувања“, место познато само по скандалите со поранешниот министер Артан Груби кој организираше и жежок пречек на новиот министер Стоиљковиќ со назаконско снимање на просториите во министерството и етничка хајка усмерена на неговото српско потекло. Сето тоа за да се сврти вниманието од корупциите во министерството од времето на Артан Груби.
Но, се што подготви и направи Артан Груби и ДУИ падна во вода како непоткрепена клевета и етничка омраза кон претставник и политичар од друг етникум. Стоиљковиќ за 100 дена воспостави елементарен ред и поредок, реформи и доекипирање, најави проекти кои го чекаат новиот буџет од Нова година бидејќи во сегашниот затечен буџет од бившата власт нема пари за кретивни активности на ова министерство а, патем, заедно со министерот Александар Николоски за тоа кусо време од 100 дена договори прва фаза на соработка со Србија во екипирање на Македонски железници и стаса првата локомотива која е во функција на железничкиот транспорт.
На социјланите мрежи министерот и вицепремиер Иван Стоиљковиќ ги објави своите први импресии:
1. Наместо нормално преземање на работите, по изборот на Владата, следеше “дочек на нож” на одреден ограничен дел од јавноста, кои со лажни обвиненија се обидуваа да ја сокријат омразата, но сум научил на лошо и не ми беше тешко. Непримопредавање на Министерството од стариот министер и очекуваниот крш во Министерството, кое го затекнав во поприлично хаотична состојба, без програма и основни документи за работа, исто така, го одбележаа моето влегување во Министерството, а веќе денес со сета одговорност можам да соопштам дека е воспоставен ред во Министерството.
2. По увидот во Министерството, слободно можам да заклучам дека претходната власт кон државата се однесувала по системот “пољубац смрти”, што допреле осушиле, така што граѓаните со право очекуваат одговорност. Јас сум еден од најгласните заговорници да се санкционира, пред сè, адмистративниот криминал кој го затекнав.
3. Што се однесува до односот на тој ограничен дел од јавноста, можам слободно да кажам дека најголемиот број на навреди, омаловажувања и монструозни квалификации ги доживеав во изминатите сто дена. Но, на платениците на поранешниот министер и хејтерите, во овој случај антисрпски, никогаш не сум обрнувал посебно внимание. Исто така, за она што е сработено доживеав и критики и пофалби, што на некој начин е и нормално, бидејќи граѓаните секогаш очекуваат повеќе. Дали ќе биде повеќе или не, не зависи само од мене, но секако ќе биде со полн ангажман.
4. Како заменик претседател на Владата го искористив своето влијание за отворена поддршка од Србија за некои од клучните проекти за понатамошен развој на Македонија, кои ќе бидат крунисани со потпишување на меѓудржавни договори веќе идната недела при посетата на српскиот премиер на Македонија.
5. Користам прилика посебно да се заблагодарам на шефот на мојот кабинет Јелена Таст, и на Александра Тимковска задолжена за односи со јавност, кои уште од првиот ден на влегување во Министерството беа со мене и кои без било каква накнада два месеца по ред работеа со мене и дел од вработените во Министерството и учествуваа во консолидација на затекнатата состојба.
6. Како дел од Владиниот кабинет им се заблагодарувам на сите министри за отворената соработка и после сто дена работа можам да порачам дека ми е чест што сум дел од тимот на претседателот Христијан Мицкоски.