Гостиварчанка возела 94 км/ч побрзо од дозволеното

9.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гостиварчанка возела 94 км/ч побрзо од дозволеното

Кај наплатната станица Тетово на автопатот Гостивар – Тетово вчера попладнето било сопрено „ауди“, откако радарот покажал дека автомобилот возел со брзина од 174 километри на час на потег каде брзината е ограничена на 80 километри.

Зад воланот била гостиварчанката С.А.(35), која била уапсена, а по обработката, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за безобзирно управување моторно возило.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата