Германската МНР УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА

22.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германската МНР УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок утре ќе престојува во посета на Македонија.

Бербок во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и со други претставници на владата, опозицијата и парламентот.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека главниот фокус во разговорите ќе биде на пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.

По посетата на Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата