ТВ21 <a href="https://mk.tv21.tv/pozhar-vo-chair-43-litsa-pobarale-lekarska-pomosh-megu-niv-i-12-detsa/?fbclid=IwY2xjawFqLGlleHRuA2FlbQIxMQABHRkVz_gZE1hpgSWIanqk0n37LGGKQjrvH1q5Wrd3fMELAXsJAOPiChbv7g_aem_mfQ3iipsouY8dzzyW0_ppA">известува</a> дека дури 43 лица, од кои 12 деца, побарале лекарска помош поради пожарот кој ноќеска избувнал во скопската населба Чаир. Командирот на Противпожарната бригада во Град Скопје, Ѕвонко Томевски, изјави дека евакуирани биле околу 100 лица, и дека изгореле околу 1000 м2.
„Пожар избувна во една станбена зграда тука во скопски Чаир. За среќа нема жртви и тешко повредени, но одреден број од станарите побарале лекарска помош и се испратени на тексикологија. Пожарот избувнал во 2 часот по полноќ, а повеќето жители се евакуирале сами преку скалите на зградата, а другите кои живеат на повиските катови биле евакуирани после 6 часа, односно околу 8:00 часот со помош на скалите на камионот кој се гледа зад мене, значи со помош на скалите на противпожарната единица.“, вели репортерот на ТВ21, Зекирија Хаџиу.
Поради вдишување на чад, вкупно 43 лица биле хоспитализирани по пожарот. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет во текот на денот се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба. Освен станари и еден пожарникар биле испратен на токсикологија поради вдишување чад, пишува ТВ21.