Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Дали имало СУДИР НА ИНТЕРЕСИ КАЈ ДАМЕВА во предмети во кои бил ИНВОЛВИРАН НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ?

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Судскиот совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на екс претседателката Весна  Дамева.

Ќе се испитува дали таа како член на Судскиот совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки во кои се оценува или одлучува за судии кои воделе предмети во кои бил инволвиран  нејзиниот сопруг Младен Дамев кој се јавува како оштетен и како тужител во неколку предмети во Кривичниот и во Апелациониот суд.

Советот доколку утврди постоење на околности кои може да предизвикаат сомневање во непристрасност ќе донесе соодветна одлука

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ