Дали Филипче е на ист став со ЗАЕВ КОЈ ТВРДЕШЕ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ СЕ ИСТ НАРОД?

2. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
дали Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ

Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на социјалната правда да го потсетиме Филипче дека единствена доследност, послушност и континуитет на СДС е следењето на политиките на Заев кои ја уништија и уназадија Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали и Венко Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти?

Филипче е доследен на Заев и во предавствата, нема значаен настан и момент во историјата, а СДС да не ги поткопа државните интереси и да го наруши достоинството на народот.

СДС отсекогаш во историјата била на погрешната страна на настаните.  СДС никогаш немала црвени линии кога станува збор за државните интереси.

Нема значаен настан и датум во македонската историјата а СДС да не ги поткопа националните интереси и да го нарушила достоинството на македонскиот народ.

Предавствата, виткањето кичма и коленичењето се синоним за СДС додека малкумина блиски до врхушката на СДС преку ноќ дебело профитирааат.

Попустливоста и предавството се синоними и за Филипче кој е бледа копија и чувар на столчето на Заев во СДС.

Заев им даде инструмент во рацете на Бугарија за континуирана блокада и можност за вето, Филипче на иста линија тврди и по цена на политичката кариера се залага за Бугарите во Устав. За Филипче, Заев и СДС нема црвени линии има само лукративен интерес.

Филипче исто како и Заев е попустлив и витка кичма во однос на уставните измени и внесување на Бугарите во уставот.

На Филипче не му е важно достоинството на македонските граѓани и државата. Единствено нешто за што се грижи Филипче е спроведување на насоките на Заев и тоа како да дојде на власт со цел повторно да местат тендери во четири очи и фамилијарните бизниси да течат.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за националните интереси и достоинството на македонскиот народ.

СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал, стои во соопштението.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата