Маж од Скопје пријавил дека неговата ќерка вторпат е малтретирана од четири малолтенички кои ја познавале и кои го снимиле настанот со мобилен телефон и ја објавијле снимката на социјалните мрежи, информираше МВР.
„Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(42) од Скопје пријавил дека на 24.01.2025 во период од 21.00 до 22.20 часот на подрачјето декна Центар дека неговата малолетна ќерка во два наврати била физички нападната од четири малолетнички, кои ги познавала“, се вели во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.