Бугарија ЌЕ ОБВИНИ И МАКЕДОНЦИ за дојавите за бомби кај нив, тврди директорот на Софискиот безбедносен форум

29. 03. 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарија ЌЕ ОБВИНИ И МАКЕДОНЦИ за дојавите за бомби кај нив, тврди директорот на Софискиот безбедносен форум

Во РСМ уште во октомври минатата година почнаа да се испраќаат масовни мејлови за закани со бомби до училиштата, до Централната банка и до градинките. Во февруари годинава имало 560 закани. Заканите со бомби за март се намалени речиси до нула имаше само 9. Сите се од ист тип и слични, како што се случува и во Бугарија, изјави за БНТ Јордан Божилов, директор на Софискиот безбедносен форум, пренесе 24 часа.

Според него, во Македонија се променети протоколите за постапување во вакви ситуации, начините на креирање и користење на официјални електронски пораки, се прават проверки на училишта.

„Не сите закани ги затвораат училиштата. Работиме на различни верзии, од кои едната е хибридни закани поврзани со Русија, но ќе бидат обвинети и неколку Македонци кои се поврзани со една од политичките партии во РСМ“, додаде Јордан Божилов.

Според него, важно е да се менуваат не само протоколите, треба да има добра физичка безбедност, контрола на пристап, проверки.

„Многу е тешко да се докаже кои се сторителите. Во Северна Македонија е утврдено дека серверите од кои се испраќаат електронските пораки се наоѓаат во Русија и Иран“, рече уште Божилов.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата