Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Битолчанецот кој го послужија со корозивно средство во кафуле е стабилен, но лекарите стравуваат дека состојбата може да му се влоши

25 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Засега во стабилна состојба е битолчанецот кој испил корозивно средство што му било дадено наместо минерална вода во кафуле. Тој трет ден е на Клиниката за Токсикологија, а лекарите будно ја следат неговата состојба.

Како што рече денеска директорот на клиниката, Ридван Бајрами, пациентот бил примен во тешка состојба. Тој додаде дека постои можност состојбата да му се влоши.

-Направени се ендоскопски испитувања кои покажаа дека горниот дигистивен тракт е оштетен. Ќе видиме наредните денови како ќе се одвиваат работите, бидејќи тоа е патологија која се развива. Оштетувањето не е акутно, туку се развива – рече директорот.

Од клиниката велат дека засега пациентот е со стабилни витални параметри. Тој се жали на болка, но докторите велат дека во такви ситуации болката е нормална. Прима терапија за корозивна интоксикација и се чекаат резултатите од Институтот за судска медицина каде се вршат испитувања.

Битолчанецот се затру кога испил раствор за машинско перење на садови во кафуле, откако побарал чаша кисела вода.

 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ