Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Антикорупциска НЕ ГО ДОБИЛА ЦЕЛИОТ ДОГОВОР со Бехтел и Енка, тогаш КАКО ЌЕ ИСПИТА КОРУПЦИЈА

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

И вицепремиерот Артан Груби го потврди она што претходно го кажаа од ДКСК, а тоа е дека не доставен целиот договор со Бехтел и Енка до антикорупционерите. Односно некои делови се сокриени. Тогаш како би се испитала корупција и спорни моменти, ако не се знае што е сокриено или како што се сомнежите дека токму корупцијата е тоа што се крие.

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека поради клаузулата за доверливост до Антикорупциската комисија не е доставен целиот договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10д.

– Согласно договорот што е потпишан, има клаузула за доверливост. За да се достави до медиумите, Собранието и до ДКСК или која било друга институција, освен Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни, односно од Владата и од конзорциумот „Бехтел и Енка“. Тие ни доставија редактирана верзија којашто е доставена до ДКСК за разгледување, изјави Груби, одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на градежните активности за изградба на Коридорот 8.

Целосната верзија од договорот, како што изјави Груби, е доставена само со Јавното обвинителство.

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска уште предна една недела потврди дека договорот што го добиле не е целосен, односно недостасуваат прилозите.

– Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив, рече Ивановска за Сител посочувајќи дека нема сознанија дали во тие прилози има нешто што е дополнителна обврска за државата.

Инаку, во ДКСК имаат сертификати за доверливост, односно за државна тајна така што нема ников проблем да го добијат целиот договор..

– Не можат 400 страници да бидат тајни работи и оној финансискиот дел, тој треба да биде транспарентен. Можеби има делови за кои „Бехтел“ не сака да дознаат конкурентите. Ние го побаравме целиот договор и очекуваме владата да ни го достави, рече Ивановска во друго интервју за Слободен печат.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ