Oткако врховниот судија Наке Георгиев беше уапсен за 10.000
евра поради примање на награда поради противзаконтио влијание, поран<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">е</span>шениот министер за финансии и
политички аналитичар, Џевдет Хајредини<span style="mso-ansi-language:MK"> </span>потсетува
дека неказнети останале лицата вмешени во аферата со „Телеком“.
Не ми е познато колку е казната за мито од 10.000 евра,
меѓутоа, познато е дека во Македонија не се казнети тие што од „Телеком“
примиле по 2,5 милиони евра, <a href="https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02hHuizGUtQNnDJiofmJbgbKTz8Kd76nMKrWbDTDyMNwZXpCZEKorrvomz7GXYmyo8l&id=100001639770446">вели</a> Хајредини.
Хајредини неколкупати јавно го прашуваше поранешниот премиер
Димитар Ковачевски кога Владата ќе го избрка „Телеком“ од земјава, по скандалот
со поткупувањето политичари во земјава и во други држави од регионот, за кој
компанијата-мајка, „Дојче Телеком“ беше тужена и спогодбено плати казна во САД.
По десетти пат, истото прашање до Ковачевски: Дали и кога
Владата мисли од Македонија да го избрка ТЕЛЕКОМ, затоа што е познато дека
нивни менаџери подмитувале некогашни и сегашни високи политичари и државни
функционери на нашата земја? Ковачевски не одговара на ова прашање, иако прво
за заменик министер, а потоа и премиер на Владата (дали случајно?), дојде токму
од оваа коруптивна компанија, во која бил на раководни функции.
П.С. Сигурно и самиот не мисли дека на прашањето одговорил
кога вели: „Благодариме што нè контактиравте. Ја примивме вашата порака и го
цениме што се јавивте”.
Не случајно, и Зоран Заев, при една средба во својот
кабинет, на актуелните директори на МАЃАР ТЕЛЕКОМ им вети „искрена соработка”
на Владата и во иднина, исто како во минатото. Заев пред да замине изјави дека
во Македонија нема корупција во првиот и вториот ешалон, туку само во пониските
ешалони.
Уште нешто: Компанија која ги корумпира државните
функционери, како што е случајот со „Телеком“, од каде Вие сте дојдени, не може
да биде „препознатлив бренд”, како, од само на Вас познати причини, така ја
нарекувате, пишуваше Хајредини.