Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот
обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, објави ТВ21.
Се прават напори да се идентификува и да се приведе
напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз градоначалникот кој
доаѓа од редовите на ДУИ.
Иако мотивите за последниот напад се уште официјално не се
познати, во медиумите веќе се шпекулира дека станува збор за внатрепартиска
пресметка во ДУИ, но нејзиниот лидер Али Ахмети денеска само кусо одговори.
– Мислам дека претходно беше разговарано за да се надминат
разликите меѓу Ајвази и градоначалникот на општината, го направивме
невозможното, но се што направивме не успеа – кусо изјави Ахмети.