пополнување прашалник треба да го дадат своето лично мислење дали сакаат пролетен
распуст во наредната учебна година, 2024/2025 година.
дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните
училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно
заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност,
околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.
пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година,
а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во
учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е
достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати –
наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење, велат
од МОН.
учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се
одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025
година.
учебната 2023/2024 година, и за основните училишта учебната година заврши на 17
јуни, а за средните на 10 јуни. Пролетниот распуст беше од 29 април до 6 мај.
Но, поради изборниот процес, учениците изгубија уште два дена, 7 и 8 мај не беа
на училиште, или беа со скратени часови. Во следните денови тие требаше да ги