Државата целосно ги покрива трошоците за семејствата на повредените: ХОТЕЛИ, КАРТИ, ТЕКОВНИ ТРОШОЦИ

22. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Државата целосно ги покрива трошоците за семејствата на повредените: ХОТЕЛИ, КАРТИ, ТЕКОВНИ ТРОШОЦИ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, рече дека Владата ги покрива сите трошоци на лицата кои се лекуваат во странство или во Скопје. Тој вели дека државата нема да остави било кој трошок, да остане непокриен.

„Однапред ние резервираме хотел, купуваме авионски карти, информираме дека ние ќе ги платиме трошоците за телефон, добиваат дневница/средства за тековни трошоци. Скоро сите граѓани се опфатени во директна комуникација со нашите Амбасади. Обезбедуваат логистичка поддршка, превод, комуникација со болницата. Не е лошо што граѓаните помагаат, но треба да знаат дека државата мисли на секој трошок што може да настане“, рече Муцунски.

Тој посочи дека цела логистика и трошоци за враќањето – ќе биде исто на трошок на државата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата