МЛАД ГЕРМАНЕЦ Е ИЗВЛЕЧЕН ОД ОХРИДСКИТЕ ВОДИ, скокнал кај Канео и се повредил

19. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МЛАД ГЕРМАНЕЦ Е ИЗВЛЕЧЕН ОД ОХРИДСКИТЕ ВОДИ, скокнал кај Канео и се повредил

Млад Германец завршил со повреди по скок во Охридското Езеро во близина на Канео, соопшти СВР Охрид.

Инцидентот се случил во петокот околу пладне, кога 24-годишниот М.Ј.Б. бил забележан во водите со видливи повреди.

Според информациите, веднаш по пријавата, повредениот бил извлечен од езерото со пловен објект и пренесен до градското пристаниште, каде што го презела екипа на Итната медицинска помош.

Од првичните сознанија, се претпоставува дека туристот се повредил при скок во водата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата