По заминувањето на западните марки, Русите неволно прифаќаат кинески автомобили

26.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По заминувањето на западните марки, Русите неволно прифаќаат кинески автомобили

Бидејќи бранот на заминувања од западните производители на автомобили ја стеснува понудата за руските потрошувачи, Кинезите се обидуваат да ја пополнат празнината и да ги убедат Русите да ги прифатат кинеските брендови.

Податоците од аналитичката агенција Autostat и консултантската компанија PPK покажуваат дека кинеските брендови како Haval, Cherry и Geely сега сочинуваат близу 40 отсто од продажбата на нови автомобили во Русија, што е повеќе од помалку од 10 отсто во периодот јануари-февруари 2022 година, објави Ројтерс.

Тој голем скок во продажбата на кинески автомобили се совпадна со излегувањето на компании како Рено, Нисан и Мерцедес од Русија.

Сепак, неколку руски купувачи на автомобили, поединци и дилери, сметаат дека квалитетот на некои кинески автомобили е понизок од оние од Западот, а експертите од областа истакнаа дека кинеските производители треба да ја подобрат својата репутација, иако нивниот удел на пазарот расте, пренесува Танјуг.

Еден од оние кои треба да се убедат да купуваат кинески автомобили е Степан (28), кој често ги вози.

„Минатата година успеав да купам Шкода и ако сакате мое искрено мислење, разликата во однос на кинеските автомобили е огромна“, рече тој.

Чешкиот производител на автомобили Шкода Ауто, дел од групацијата Фолксваген и еден од ретките западни производители на автомобили што имаат локално производство на автомобили, е во последната фаза од договорот за продажба на своите руски средства поради воведувањето на западните санкции откако Москва минатата година испрати војници во Украина во февруари.

Од друга страна, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев по посетата на Кина во декември изјави дека соработката со кинеските производители е добра и дека перцепциите на потрошувачите се застарени.

Фото: Шутер

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата